Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

25.000 луѓе на марш против абортусот во Париз

ПАРИЗ – 25.000 противници на абортусот, претежно семејства и млади, мирно маршираа во протест против абортусот во Париз во неделата на 6-тиот годишен париски „Марш за живот“. Настанот собра 15 француски анти-абортус групи на 35-тата годишнина на легализацијата на абортусот во земјата.

Сесил Едел, претседателка на „Choisir La Vie “, ги повика своите сонародници да размислат за „катастрофалниот резултат“ на 35-те години легален абортус: „неизречливите страдања“ на милиони жени, и „очигледните неправди“ спрема милиони нивни неродени браќа и сестри.

 
Над 100.000 посетители на AbortusNE.org.mk

 

Почитувани читатели,

Ја поминавме магичната бројка од 100.000 посетители за помалку од  една година. Веќе сме на 110.000!

Посетеноста ја донесовте вие, нашите читатели. Препорачајте го овој линк и на други луѓе www.abortusNE.org.mk и овозможете да се прошири вистината за абортусот. Спасете живот на некое бебе!

 

 
Вистината за абортусот во Македонија
Почитувани читатели, ова е видео за Вистината за абортусот во Македонија.

Ги замолуваме сите поддржувачи на правото на живот, да го постираат овој линк на своите профили, веб-страници, блогови, да го препратат на свои пријатели по е-маил...
Целта е што повеќе луѓе да дознаат за ВИСТИНАТА ЗА АБОРТУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Колку повеќе луѓето знаат за абортусот, толку помалку ќе има абортуси. Помалку абортуси, значи повеќе спасени бебиња.
Пренесете ја пораката и видеото. Спасете го животот на некое неродено бебе.

Со почит, www.abortusNE.org.mk
 
 
Лични сведочења за абортуси од нашите читателки

Весна, 29, Скопје

Јас сум Весна и имам 29 години. Сопругот го запознав кога имав 23, а тој 26 години. Неколку месеци откако го знаев, бев бремена. Одлучив да абортирам. После тоа бевме во врска уште 2 години, па се венчавме кога јас имав 25. Денес сме 4 години во брак и немаме деца. Се обидуваме, одиме по доктори, ама не оди.

 
Личност ли е абортираното? Феноменолошко-егзистенцијалистичка теорија за личноста

Александар Ускоков (за текстов има добиено 2ра награда на конкурсот за филозофски есеј). 

При скорешната дискусија во врска со реконструкцијата на македонската влада во нашето Собрание, еден господин од опозицијата го праша премиерот како ќе им објасни на „тие од Брисел“ дека за вицепремиер задолжен за европски интеграции предложил човек кој е против абортусот, притоа споредувајќи ја „евроинтеграцијата“ на Македонија со таа на Молдавија.

 
Емисија со информации за абортусот

Неодамна, во популарната емисија „Стетоскоп“ на локална битолската Телевизија ТЕРА беше емитувана емисија посветена на абортусот, во која сеопфатно се обработува оваа тема од страна на неколку еминентни лекари.

Ви препорачуваме да ја погледнете емисијата, која што ве води низ статистиките, но и мерките кои треба да се преземат, со цел да не се загрози плодноста на жената, но и да не се уништуваат, туку што зачнатите животи.