Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Православните свештеници против абортусот
Православните свештеници од рускиот град Алапаевск, Свердловска област, одлучија да се борат против абортусите со помош на материјални стимулации. Жените што се откажуваат од абортус од црковната каса добиваат месечна помош во износ од илјада рубли. Таква помош идната мајка добива за време на целата бременост и во текот на една година по раѓањето на детето.

Иницијативата е на старешината на локалната црква отец Мојсеј. Парите се од донациите на парохијаните и од касата за изградба на црквата.

„Од религиозна гледна точка абортусот е тежок престап. Се бориме против овој грев преку нашите проповеди, но тоа не е доволно. Неопходно е да навлеземе во проблемите на идната мајка, сепак нешто ја поттикнува кон таа страшна операција“, вели свештеникот.

„Јас дојдов во црква и дознав дека можам да добијам мала помош. Сè се завршува преку консултација. За мене илјада рубли (околу 40 евра) е сериозна сума“, призна идната самохрана мајка Татјана.

Парите се даваат по покажување на документ од гинеколог. Имено медицинарите ги убедуваат идните мајки да не си ја товарат душата со таков грев. И ако жената бара абортус заради материјални потешкотии, докторите ѝ кажуваат за финансиската помош што ја нуди црквата.

Вероисповедта на жената нема значење за отец Мојсеј. Идната мајка што има потреба од помош ќе ја добие дури и ако е атеистка. Лекарите забележуваат дека по отпочнувањето на „крстоносната војна“ против абортусите, бројот на тие операции во градот се намали за 40%.

Според таа програма во Алапаевск веќе се исплатени вкупно околу 600,000 илјади рубли на 60 жени.

Прочитано: 286
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy