| Медиумите: Во Македонија се вршат околу 30.000 чедоморства годишно |
“Ревита“ не прави разлика помеѓу регистрирани и нерегистрирани абортуси. Податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита се однесуваат само на 6.000 РЕГИСТРИРАНИ абортуси. Во нивните бројки и статистики ги НЕМА нерегистрираните абортуси, кои се 3 до 4 пати побројни. Реалната бројка е дека во Македонија има околу 30.000 абортуси годишно.Не ни е важно дали некоја жена абортирала во државна или приватна клиника. Нам ни е важно да ги едуцираме за последиците за нивното здравје и животот на бебето. Ние сакаме да зборуваме за здравјето на жената и животот на нероденото дете, а не за бројките, но ајде. Вие мислите дека секој абортус е регистриран? Дека нема ниту една жена која абортира во друг град? Дека илјадници жени абортираат после работното време? Дека интервенциите ги заведуваат со еуфемизмот „хируршка интервенција со локална анестезија“, „киретажа“ или „гинеколошки преглед“? Дека насилниот (докторски) абортус се заведува како патолошки (спонтан) абортус? За жал, илијадници абортуси не се заведуваат во медицинските книги, ниту се водат во архивите, сметководството, книгите... Во клиниките се договараат „итни“ доаѓања за време на дежурство, па лажно се заведуваат како „спонтан абортус“. Разговарајте со било кој гинеколог во помал град кој си ги знае пациентките. Ќе добиете одговор дека секоја година има исто абортуси колку што има раѓања. Проблемот е што нерегистрираните абортуси се вршат во 100 – 150 приватни ординации. Добар дел од нив ги немаат потребните услови за абортуси, немаат дозвола, немаат реанимационо одделение. Таму не ги регистрираат абортусите, но тоа не значи дека не се случиле. Милам дека тоа би била добра тема за истражувачкото новинарство. Ако сеуште верувате дека секој абортус е регистриран - дали верувате дека секој нарко - зависник е регистриран? Колку млади луѓе знаете кои користат наркотици и други психотропни супстанци, а сепак не се регистрирани? Дали секој чин на семејно насилство е регистриран? Ако сеуште верувате дека секој абортус е регистриран - дали верувате дека секој ХИВ-позитивен и заболен од СИДА е регистриран? 1. Бројот на регистрирани зависници од дрога е 8.000, но вистинската бројка е 30 - 38.000. Околу 50.000 наши сограѓани имаат проблеми со алкохолот. Дали сите тие се регистрирани? 2. Бројот на регистрирани ХИВ - позитивни и заболени лица од СИДА е 110, а на секој еден регистриран има 4 нерегистрирани. Методологијата на СЗО вели дека реалниот број на заболени е од 400 - 500 Е, сега прашајте се уште еднаш дали е „Ревита“ со лажни податоци за бројот на абортуси? Болната вистина е дека во Македонија секоја година има повеќе чедоморства, одошто раѓања. Но, независно од тоа која е бројката на абортуси, ние ќе бидеме пресреќни доколку влијаеме макар и една жена да не абортира. Наша најголема радост ќе биде доколку тоа дете се роди и живее, а не да заврши во медицински отпад заедно со шприцови, гази, лекови, болничка храна, валкани ракавици…
“Абортуси има исто колку и раѓања“ (http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FB280503CA796A4AB3592D6A2DFB194B) “Во Македонија годишно се извршуваат околу 30.000 абортуси“ (http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=948&ArticleID=62705) “Во Македонија годишно се раѓаат толку деца колку и што се абортираат“ “Никој не знае колку Македонки абортираат“ (http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157465&idg=8&idb=2483&rubrika=Makedonija) Абортуси и во втора смена -Расте брјот на абортуси – Според неофицијалните броји, во Македонија годишно се извршуваат околу 30.000 абортуси (http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=948&ArticleID=62705) “Македонија годишно абортира едно гратче“ A1 2003 год.: „Во Македонија се поголем е бројот на жени кои абортусите ги вршат во приватните гинеколошки ординации, а не на Клиниката за гинекологија и акушерствто и во другите здравствени установи во државата.“ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=22915 A1 2005 год.: „До пред 10 години таа бројка се движеше 20-22.000 абортуси, додека сега со оглед на пораниот почеток на сексуални односи кај младата популација јас верувам дека е и над таа бројка“, изјави Маријан Стојоски, директор на Клиниката за гинекологија. Текст: Се повеќе млади девојки се решаваат на абортус http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=48415 Ова се само дел од насловите кои осамнуваа во дневните весници изминативе години. Овие наслови не’ потресуваа неколку минути и се завршуваше тука. Бројот на абортуси на кој укажуваваа новинарите и експертите, тогаш беше фрапантен и вистинит - а денес, повторно истите новинари, пишуваат дека бројот не е вистинит. Истата вест и бројка еднаш по потреба е шокантна, а следниот пат се релативизира и минимизира. Сите си го поставувавме прашањето дали бројките се вистинити. Се плашивме да си признаеме бидејќи е болна вистината. Бидејќи во тие 30.000 илјади “несудени“ мајки сигурно има наши пријателки, мајки, ќерки, сестри, сосетки.. Да, бројот е фрапантен, бројот е застрашувачки. Но, за жал тој број е реален. “Ревита“ е здружение на 50-тина загрижени Битолчанки, жени, домаќинки, мајки, ќерки, пријателки, сосетки... Мајки кои одгледавме деца кои ни направија веб страна по светски терк (www.abortusNE.org.mk). Собираме сопствена членарина и сопствена облека со која им помагаме на сиромашните семејства, на домот за деца без родители, на сите кои им е потребна, а ние можеме толку. Едукацијата за последиците од аборусот е само сегмент од активностите на здружението за здрав живот, здраво тело и заштита на животот. За крај, ги повикувам сите истомисленички да ни се придружат и да си помогнеме самите на себе. Веќе ни се приклучуваат жени од Скопје, Прилеп, Штип... Нема ниту една жена што го родила своето чедо, а подоцна да се покајала за тоа. Секоја жена е среќна што подарила живот. Но, има илијадници и милиони жени кои абортирале и жалат поради тоа. Подоцна секој ден се прашуваат како ќе изгледаше детето ако го роделе. Затоа, ние сметаме дека треба да го заштитиме правото на живот на неродените деца. Благица Пеповска, Претседател на женската НВО „Ревита“ и уредник на веб страницата www.abortusNE.org.mk
Прати коментар
Прочитано: 1393 Коментари (2)
![]() Напишите коментар
|













