| Загина еден од најекспонираните pro-life претседатели - Лех Качински |
|
Лех Качински сметаше дека треба да се заштити ПРАВОТО НА ЖИВОТ на неродените бебиња. Затоа, беше еден од главните иницијатори за смена на комунистичкиот Закон за слободен абортус. Во 1993 година Полска донесе Закон за забрана на абортус. Качински изјави дека тоа е добар закон за спасување на животите на бебињата, дека е добар закон за нацијата и во согласност со учењето на црквата. Актуелниот полски „Закон за семејно планирање, заштита на човековите права на фетусот и условите за допуштеност на абортусот“ од 1993 година, предвидува можност за абортус во само три случаи: 1. Кога е загрозен животот на жената, потврдено од двајца доктори независно од докторот кој го извршува абортусот; 2. Кога е резултат на криминал (на силување или инцест), потврдено од јавен обвинител; или 3. Во случаи кога испитувањата ќе покажат тешки и трајни оштетувања на фетусот, потврдено од двајца доктори независно од докторот кој го извршува абортусот. (Текстот продолжува на: Прочитај повеќе)
Љубовта кон децата, народот и нацијата беа неговото второ име. Од светот критикуван, но дома сакан и славен. Го славеа тогаш кога ги промовираше христијанските вредности, кога се бореше да се промени комунистичкиот Закон за абортус кој на сила беше дваесеттина години, кога беше еден од лидерите на Солидарност... Во 1981 година беше кратко затворен од комунистичката диктатура за време на воената состојба прогласена од полските генерали. Како градоначалник на Варшава граѓаните го поддржаа кога ги забрани на хомосексуалните паради во 2004 и 2005 додина. Образложението беше дека хомосексуалците не доставиле доволно документација и дека тоа е против јавниот морал. Качински лично ја поддржа „Парадата на нормалноста“ во која парадираа млади семејства со своите деца.Три години подоцна, доби уште поголема поддршка кога полскиот народ го избра за свој претседател. Во првиот круг кандидатите кои го поддржуваа абортусот добија само 10,3 % и 1,8 %. Во вториот круг влегоа двајца кандидати, а двајцата беа на страната на животот на неродените бебиња. Победи Лах Качински, а вториот кандидат Доналд Туск денес е премиер на Полска. Претседателот Качински и премиерот Туск имаат ист поглед против абортусот, иако доаѓаат од различни партии кои имале жестоки расправи. Едната партија е главна партија во власта, а другата е главна опозициона партија. Но, двете партии во својата доктрина го имаат учењето на црквата. Заеднички го поддржаа изборот на Јержи Бузек за Претседател на Европскиот парламент, кој е против абортусот, а ЗА ЖИВОТ на неродените бебиња. Во времето на неговото владеење Полска беше единствената земја во ЕУ што ја заобиколи економската криза и рецесијата во 2009 година. Кога сите имаа пад на економијата, единствено Полска имаше раст на БДП.
Имаше пријатели во светот, но и непријатели. Секогаш ги ставаше во преден план интересите на Полска. Некогаш се соработуваше, а некогаш се отворено се конфронтираше со Германија, ЕУ, Брисел, Москва и Вашингтон. Главна задача му беа полските интереси, а не „домашните задачи“ на Брисел. Беше за ЕУ која ги почитува традиционалните и христијанските вредности. Беше голем пријател со папата Јован Павле втори. Почит кон еден вистински европски конзервативец! До крајот на животот беше за опцијата „ЗА ЖИВОТ“, а против чедоморството. Почивај во мир, пријателу на неродените дечиња!
Прати коментар
Прочитано: 627 Коментари (3)
![]() напишал Filip, April 13, 2010
Neka pociva vo mir. Bese eden od poslednite politicari so moral vo EU.
напишал Ангел Божиков, April 13, 2010
Иако неправославен сепак изразувам длабоко сочувство до целиот полски народ и примерот што го остави нивниот ТАТКО НА НАЦИЈАТА да го задржат и одбранат од наездата на безбожниот западно европски народ, оти болеста на еднен народ започнува од безумството, а кревање нож на своето дете не води кон разумност.
напишал Зоран И.Стојанов , April 14, 2010
Господ Бог, нека го награди со вечен живот. Сигурно од небото ќе продолжи да се бори за неродените, невини деца да не бидат убивани. Беше еден од многуте Полјаци кои ја сакаа вистината, затоа и беше борец за Македонија, која е неправилно онеправдана. Претседателот Качински беше католик, Македонија има многу пријатели католици...
Напишите коментар
|








