|
Лех Качински беше еден од поборниците на Правото на живот на неродените бебиња. Во Полска беше многу почитуван, сакан и важеше за вистински татко на нацијата.
Лех Качински сметаше дека треба да се заштити ПРАВОТО НА ЖИВОТ на неродените бебиња. Затоа, беше еден од главните иницијатори за смена на комунистичкиот Закон за слободен абортус. Во 1993 година Полска донесе Закон за забрана на абортус. Качински изјави дека тоа е добар закон за спасување на животите на бебињата, дека е добар закон за нацијата и во согласност со учењето на црквата. Актуелниот полски „Закон за семејно планирање, заштита на човековите права на фетусот и условите за допуштеност на абортусот“ од 1993 година, предвидува можност за абортус во само три случаи: 1. Кога е загрозен животот на жената, потврдено од двајца доктори независно од докторот кој го извршува абортусот; 2. Кога е резултат на криминал (на силување или инцест), потврдено од јавен обвинител; или 3. Во случаи кога испитувањата ќе покажат тешки и трајни оштетувања на фетусот, потврдено од двајца доктори независно од докторот кој го извршува абортусот. (Текстот продолжува на: Прочитај повеќе) |
ПАРИЗ – 25.000 противници на абортусот, претежно семејства и млади, мирно маршираа во протест против абортусот во Париз во неделата на 6-тиот годишен париски „Марш за живот“. Настанот собра 15 француски анти-абортус групи на 35-тата годишнина на легализацијата на абортусот во земјата. Сесил Едел, претседателка на „Choisir La Vie “, ги повика своите сонародници да размислат за „катастрофалниот резултат“ на 35-те години легален абортус: „неизречливите страдања“ на милиони жени, и „очигледните неправди“ спрема милиони нивни неродени браќа и сестри. |
|
Неодамна, во популарната емисија „Стетоскоп“ на локална битолската Телевизија ТЕРА беше емитувана емисија посветена на абортусот, во која сеопфатно се обработува оваа тема од страна на неколку еминентни лекари.
Ви препорачуваме да ја погледнете емисијата, која што ве води низ статистиките, но и мерките кои треба да се преземат, со цел да не се загрози плодноста на жената, но и да не се уништуваат, туку што зачнатите животи. |
|
Александар Ускоков (за текстов има добиено 2ра награда на конкурсот за филозофски есеј).
При скорешната дискусија во врска со реконструкцијата на македонската влада во нашето Собрание, еден господин од опозицијата го праша премиерот како ќе им објасни на „тие од Брисел“ дека за вицепремиер задолжен за европски интеграции предложил човек кој е против абортусот, притоа споредувајќи ја „евроинтеграцијата“ на Македонија со таа на Молдавија. |
|
Неколку десетици центристичко - десничарски опозициски партии се придружија на демонстрацијата, која беше поддржана од римокатоличките бискупи. Социјалистичкиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро сака да воведе абортус по нарачка. Моментално, бременоста може да биде прекината во претежно католичката Шпанија само под одредени услови. Ова е најновото во низата етички прашања поради кои католиците се свртеа против владата, која го легализираше хомосексуалниот брак и го олесни разводот. |
|
|
|
|
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>
|
|
Страница 1 од 6 |