| Подигнат споменик на жртвите на абортусот |
|
Идејата за споменикот - обележје за жртвите на абортус, дојде од Здружението за промовирање на вредностите и почитување на дарот на животот „Габриел“ и од Центарот за нероден живот „Бетлеем“. Дозволата за поставување на споменикот ја издаде градот Карловац кој го донираше бетонскиот постамент. Кипот од бел мермер на Исус милостливиот е висок 180 сантиметри, а тежи 500 килограми. Градските служби ја одработија целата административна процедура. „Овој споменик им е посветен не само на абортираните деца, туку и на оние кои починале при спонтан абортус или непосредно по раѓањето“, изјави на отворањето свештеникот Марко Глоговиќ.
На откривањето на споменикот беше присутен градоначалникот на општина Карловац, која има околу 60.000 жители, односно големина како Струмица. Подетални информации имате на следниве линкови од хрватските портали:http://www.tportal.hr/vijesti/hrvatska/38243/Otkriven-spomenik-pobacenoj-djeci.html http://www.tportal.hr/vijesti/hrvatska/29846/Karlovac-dobiva-spomenik-nerodenoj-djeci.html http://www.klinfo.hr/detaljnije/hr/karlovac-podignut-spomenik-abortiranim-bebama/11/3910/1/
Прати коментар
Прочитано: 741 Коментари (0)
![]() Напишите коментар
|





Нов споменик осамна во хрватскиот град Карловац. Споменикот го финансираше јавното градско претпријатие „Зеленило“, кое се грижи за зелените површини и гробиштата. Споменикот не е подигнат некого да осуди, туку да потсетува на дечињата кои не добија шанса да станат наши сограѓани. 