| 25.000 луѓе на марш против абортусот во Париз |
ПАРИЗ – 25.000 противници на абортусот, претежно семејства и млади, мирно маршираа во протест против абортусот во Париз во неделата на 6-тиот годишен париски „Марш за живот“. Настанот собра 15 француски анти-абортус групи на 35-тата годишнина на легализацијата на абортусот во земјата. Сесил Едел, претседателка на „Choisir La Vie “, ги повика своите сонародници да размислат за „катастрофалниот резултат“ на 35-те години легален абортус: „неизречливите страдања“ на милиони жени, и „очигледните неправди“ спрема милиони нивни неродени браќа и сестри. И покрај тоа што има една од највисоките стапки на контрацепција во светот, Франција денес ја има втората највисока стапка на абортуси во Западна Европа, веднаш зад Шведска – ситуација која дури и застапничката на законот за легализација на абортусот во Франција во 1975, Симон Веил, смета дека е „вознемирувачка“. Про-лајф застапниците рекоа дека патот нанапред е пат на „сочувство и правда“: сочувство со давањето вистински избор на новите идни мајки, а тоа значи сочувување на нивниот нероден живот; и правда со темелно укинување на абортусот. Март годинава бројот на демонстратори нагло порасна, од 15000 во 2009. Годинава рекорден е и бројот на француски католички бискупи кои го поддржуваа маршот – вкупно 26. Во маршот учествуваа дузина меѓународни делегации, меѓу кои претставник од британското Друштво за заштита на неродени деца и Долорес Михан, ко-основачка на Валк фор Лифе од Сан Франциско.
Прати коментар
Прочитано: 478 Коментари (1)
![]() Напишите коментар
|






