|
Секои седум минути една жена умира како последица од илегален абортус“, стои на страницата која нуди помош на жените од земјите каде абортусот е забранет. На страницата Women on Web сите кои сакаат можат да ја раскажат својата приказна за своето непријатно искуство, да дискутираат за тоа, да побараат совет и да донираат пари за помош на жените во целиот свет, за да им се овозможи сигурен и стручен абортус, но се нудат и таблети кои предизвикуваат абортус. |
|
 Секоја петта бременост во светот завршува со абортус, а половина од тие абортуси се спроведуваат во опасни услови, соопштија светските научници во студијата објавена во Париз. Процентот е дека во 2003 година имало до 205 милиони бремености, од кои што 20% биле прекинати со абортус, се наведува во студијата и додаваат дека половина од бременостите во источна Европа завршуваат со прекин. |
|
Дали државата треба да го легализира овој процес (абортусот е легален во многу земји во Европа и светот меѓу кои и Македонија) или пак, да го забрани со закон? Мислењата се поделени. Некои сметаат дека со абортусот некој си зема за право да одлучува за туѓ живот, дека тоа е криминално и крајно неетичко дело кое се коси со сите морални и религиозни вредности. |
НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ОНИЕ ШТО АБОРТУСОТ ГО ОПРАВДУВААТ СО ПРАВО НА ИЗБОР
Од секогаш ми беше смешно зошто светското движење за абортус себе си се нарекува ЗА ИЗБОР, а не ЗА АБОРТУС. Бидејќи е невозможно со аргументи да го оправдаат убиството на човечко суштество кое се уште не е родено поборниците за абортусот се определија тоа да го оправдуваат со правото на избор. Адвокатите на абортусот никогаш не ги земаат предвид едноставните научни факти туку секогаш велат ова е слободна земја... луѓето имаат право да одберат... не можете да ја ограничите слободата на избор и слично. Ништо повеќе не ја збунило светската политика, во тој контекст и македонската како ова едноставно искривување на фактите. |
|
Една од омилените мантри на застапниците на абортусот во земјава е “Секое дете – сакано дете”. Звучи благородно, додека не сфатите какво е нивното решение за несаканите. Ако дете не е посакувано, тврдат, не треба да се роди. Проблемот, се разбира, е тоа што детето е веќе зачнато, и единствениот начин да го спречиш да се роди е да го убиеш. Како го оправдуваат таквото насилство? Често со аргументот дека за детето е подобро да умре отколку да биде несакано.
|
|
|
|
|
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>
|
|
Страница 5 од 6 |