| Дали „дискретниот“ абортус носи компликации? |
|
Гинеколозите имаат различни ставови за тоа дали со новиот закон за абортус, кој е во фаза на подготовка, треба да се дозволи прекин на бременоста да се прави и во ординации, а не како досега во болнички услови. Некои лекари сметаат дека установата каде што се прави абортус мора да има операциска сала, каде што ќе се згрижи пациентката ако настанат компликации. Други, пак, сметаат дека сосема е доволно ако ординацијата потпише договор со некоја болница каде што ќе се упатуваат овие случаи. - Абортусот е хируршка интервенција што се изведува под анестезија и никој со сигурност не може да предвиди како ќе заврши. Тој треба да се прави во болнички услови, односно во установа каде што има операциска сала - вели Адела Поп Стефанија, директорка на Клиниката за гинекологија. Таа додава дека од позиција на директорка не би потпишала договор со некоја ординација за да ги згрижи пациентите кај кои настанале компликациите. Гинеколозите, пак, што работат во ординациите велат дека кај нив во споредба со болниците, пациентите имаат дискреција и не мораат да чекаат со часови додека да им се направи интервенцијата.
Прати коментар
Прочитано: 657 Коментари (0)
![]() Напишите коментар
|





