| Незаконските абортуси дивеат |
|
- Во моето долгогодишно искуство, секоја жена што дошла кај мене и побарала услуга како што е абортусот, лично и човечки сум се обидел да ги одвратам, зашто мислам дека нема поубава работа од дете, но сепак тоа е право на жената - вели д-р Драган Тантуровски - гинеколог. Зачудува негрижата на жените за сопственото здравје. Голем број малолетнички, девојки, па и жени што веќе родиле, прво не се штитат од бременоста, а потоа прават втора грешка и се решаваат да абортираатЗачудува негрижата на жените за сопственото здравје. Голем број малолетнички, девојки, па и жени што веќе родиле, прво не се штитат од бременоста, а потоа прават втора грешка и се решаваат да абортираат, најчесто кај лекар што нема услови за хируршки интервенции. Ваквите рутински зафати често завршуваат со тешки последици за здравјето на пациентката. Сигурно е дека лекарите во болниците не се имуни на такви грешки, но олеснителна околност за нив е што можат веднаш да реагираат во операциона сала. Затоа и Законот налага оваа интервенција да се врши само во болнички услови. Колку лекари не ја почитуваат забраната не знаат ни здравствените инспектори, иако нивната работа е токму тоа - да ги контролираат и да ги казнуваат прекршителите. Во Македонија годишно се раѓаат толку деца колку што и се абортираат. Ваквата трагична статистика на зголемен број абортуси кои годишно стигнуваат и до 22.000 ја помогнаа се поголемиот број ново отворени приватните ординации каде дивеат незаконски абортуси за кои никој не води ред. Најразлични инфекции, крварења што завршуваат со стерилитет или пак отстранувања на матката се само дел од негативните последици од абортусот. За психички трауми и да не станува збор. - Работиме со метални инструменти кои се прилично груби, така што колку и да е докторот професионалец настануваат извесни инфекции кои за среќа кај нас се мали, но се случуваат обилни крварења, откинување дел од матката итн - вели гинекологот д - р Драган Тантуровски. Со исклучок на неизбежни ситуации, граѓаните не го оправдуваат абортусот. Абортусите изведени кај разни надри лекари годишно во светот убиваат преку 68.000 жени, а милион други завршуваат со тешки инфекции.Додека трагични 15% од бремените жени се одлучуваат да абортираат,во меѓувреме расте бројот на жените, кои бидејки неможат по природен, решаваат да забременат по вештачки пат.Во изминатиов период бројот на ин витро оплодувања е зголемен за 40%. Само на државната клиниката за гинекологија во моментов околу 40 жени чекаат да бидат вештачки оплодени.
Прати коментар
Прочитано: 670 Коментари (0)
![]() Напишите коментар
|






