Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Религиозни аспекти
Митрополит Методиј Златанов

По прашањето на убиството и чедоубиството пропишани се и црковни и државни закони. Секое цивилизирано општество се сообразува со нив по мерата на своите концепции и ориентации. Што се однесува до христијанските канони, тие јасно го третираат абортусот како убиство со умисла или соучество од користољубие, за оној што го извршува.

 
Абортусот е грев

Што е тоа грев и кои се основни гревови (11) - УБИСТВО, САМОУБИСТВО, АБОРТУС

Луѓето во сите времиња сметале дека најстрашен грев е нарушувањето на шестата заповед - убиството - лишувањето на друг човек од најголемиот Господов дар - животот. Исто толку страшен грев е убиството на дете во утробата - абортус (чедоморство, детеубиство), а најстрашен грев од сите е - самоубиството.

 
Што да прави жената или девојката, која во својот живот направила чедоморство?

Пред сè, треба да стане свесна за тежината и големината на овој грев и да се покае. Архимандритот Рафаил вели: „Крвта се измива само со солзи.” Покајничките солзи се почеток на еден нов христијански живот кој води во заедница со Бога и со Неговата милост. „Човечки е да се згреши, но демонски е да се остане во грев” − велат Светите Отци.

Божјата милост е голема, долготрпелива и Бог ја излива врз секого што се труди да живее во покајание. Сите вие што сте паднале во овој грев, крвавите дамки можете да ги измиете со покајнички солзи и со цврста решеност дека никогаш повеќе нема да го повторите овој грев, да не го оправдувате, туку со солзи на очите и искрена молитва, да се трудите со молитва до крајот на својот живот за Севишниот Бог да ви прости.

 
Чедоморството –крвав дожд кој ја претвори земјата во крваво место на живеење

Чедоморството – крвав дожд кој ја претвори земјата во крваво место на живеење

Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско.
 
Демографска хетерогенеза и нејзините последици

Кривицата на жената на терезија на Божјата правда

Раѓањето на деца во Стариот и Новиот Завет е сметано за Божји благослов, што може да се види од следните примери: 1Мојс. 1,28; 8,17; 9,1; Јов. 10,29; Евр.2.13 и т.н. Безчадието се сметало како посебна казна од Бога, што може да се потврди во: 1Мојс. 16,2; 30,23; 1Сам.1,6; Лк.1,25.

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Страница 1 од 3