|
 Кривицата на жената на терезија на Божјата правда Раѓањето на деца во Стариот и Новиот Завет е сметано за Божји благослов, што може да се види од следните примери: 1Мојс. 1,28; 8,17; 9,1; Јов. 10,29; Евр.2.13 и т.н. Безчадието се сметало како посебна казна од Бога, што може да се потврди во: 1Мојс. 16,2; 30,23; 1Сам.1,6; Лк.1,25.
Стариот Завет и несаканото пометнување, строго го осудувал и казнувал, затоа што и зачетокот (фетусот) се сметал како веќе роден човек. Христијанството, уште со самата своја појава, станало против абортусот. Патролошкиот спис Дидахи или “Учењето на 12 апостоли”, пропишува: “Да не тровиш ниту убиваш дете во материцата, нити родено дете да погубуваш”. Апостолскиот маж Варнава исто така вели: “Не убивај дете нити во утробата, нити по раѓањето” (Гал. 19,5). Против пометнувањето пишуваат и други свети Отци и црковни писатели. Апологетот Атинагора, во II век, одбивајќи ги незнабожечките оптужби против христијаните за божемна антропофагија (човекојадство) вели: “Како ние христијаните би можеле да убиваме луѓе, кога тврдиме дека оние жени кои употребуваат средства за пометнуваето се убици и дека за тоа ќе одговараат пред Бога”. Знаменитиот христијански апологета Тертулијан, исто така, тврдел оти пометнуваето на зачетокот не е дозволено: “Оневозможувањето да се роди дете треба да се смета за убиство”. Ориген вели: “Жената, која прави и други гревови, можеби и потешки отколку што е прељубата, како што е отровувањето и убивањето на младенци во својата утроба, може слободно да се отпушти”. Свети Василиј Велики пропишува казна за убиство над оние кои смислено го умртвуваат зачетокот во утробата. Дури овој свети отец ги сметал за убијци и оние кои даваат вештачки питија со цел да се пометне (8 пр.). Блажени Ероним ги осудува жените кои со медикаменти вршат пометнување, говорејќи дека тие не само што се изложуваат на опосност од смрт, туку чинат тростран престап: блуд, самоубиство и убиство. Трулскиот Вселенски собор во своето 91 правило вели: “Жени, кои даваат лекови за пометнување и кои земаат отрови што убиваат плод, ги казнуваме како убијци. Такви жени ќе се удостојат за света причест дури по десет годишно усрдно каеење.”
|