|
 На тој начин, откако Го “убивме” Бога во својата атеистичка свест се убиваме и уништуваме самите себе. Иднина на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина. Нашиот живот без Животодателот Бога се идентификува со смрт. Тоа е судбината на сите земји во кои владее атеизам и антитеизам. Со таа бела смрт се опфатени сите, како источните легално атеистички, така и западните илегално атеистички замји. И нашата земја е меѓу нив. Овие мачни последици од богоотстапувањето посебно тешко ја погодува Македонија, поради нејзината специфична положба. Додека кај нас бројот на христијанското насаление рапидно опаѓа, кај припадниците на исламската вероисповед најрапидно се зголемува, и библиските зборови “Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа”(1Мојс. 1,28) се однесуваат само за нив. Бог како да повикува друг народ, кој како повеќе да му е оддаден. Во колкава мера изумира веќе атеизираното македонско население, во толкава, па и поголема мера се множи исламското население. Во догледно време има тенденција, припадниците на исламското население, бројно да се изедначат со христијанското македонско население, а потоа да станат мнозинство. Со тек на времеда бидат доминантно, а најпосле и во апсолутно мнозинство, што ќе претставува крај на животната драма на македонското население во овој регион. Тоа ќе се потврди и во примерите што следат. |
|
Злосторство под разно И покрај брилијантните аргументи што еволуционизмот ги везе со децении обидувајќи се да ги врзе сите карики меѓу човекот и мајмунот, секогаш останува крунската забелешка која оваа смела теорија сериозно ја релативизира: мајмуните не прават такви злодела (ни на самите себе, ниту пак на другите) како човекот. |
|
Зошто извршивме народно самоубиство?
– Бидејќи љубовта оладува помеѓу луѓето, особено меѓу сопружниците кои стануваат туѓи и рамнодушни едни кон други. Љубовта бара општење и заедничарење, но само преку подвигот на самооткажување и самопожртвување. |
|
Верниците треба да покажат нелицемерна љубов едни спрема други и спрема се друго, така што секој ќе се победи себе си, да ја надминеме сопствената себичност, да поминеме од сопсвениот интерес во несебичнотот. Најголем грев правиме во врска со чедоморството, а не сакаме да признаеме дека убиството на дете е грев, мотивиран од себичноста на недостојните родители. Тоа е најужасно убиство, одбивање на Божјиот благослов и одземање на правото на живот на новата личност. Нероденото дете не е безимен фетус, тоа е човек-душа жива. Неко самонаречени заштитници ќе речат дека црквата ги скратува човековите права и слободи, но треба да знаат дека Црквата опоменува од љубов, без омаловажување. |
|
Ова зло што му се заканува дури и со уништување на нашиот и онака напатен и страдален народ, да не ни се случи поради непромисленото и неразумно остапување од Бога, од нашиот Создател и Промислител на секое добро. Бог вели: “Праведникот преку вера ќе биде жив; ако остапи, нема да ми биде по волјата моја” (Евр. 10,38). “Ние пак да не бидеме од оние, што отстрануваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата” (Евр. 10,38). Државата нека постапува онака како нејзе повеќе и одговара. Таа е млада и неискусна за ваков вид на борба. Но Црквата, во секој случај мора да го прифати овој предизвик на времето и дел од своите сили да ги насочи во правец за стабилизирање на христијанското македонско семејството. И тоа не поради опасност од изумирање на нацијата, зашто Црквата е над националната поделба и националистичките интереси - туку поради тоа што со исчезнување на нашиот православен и правоверен народ во нашата земја ќе зацари а л б а н с к и о т атеизам кој нема да признае ни Бога ни алаха, ќе зацари исламот чии плодови веќе се чувствуваат и на нашите простори. И како што денес несреќна Албанија, албанската бездушна влада го држи населението во бездна на беда, сиромаштија и диктатура - утре ќе не држи и нас и својот пекол и царството на смртта ќе го прошири и над нашата земја! |
|
|
|
|
<< Почеток < Предходна 1 2 3 Следна > Крај >>
|
|
Страница 2 од 3 |