Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

видео
Вистината за абортусот во Македонија
Почитувани читатели, ова е видео за Вистината за абортусот во Македонија.

Ги замолуваме сите поддржувачи на правото на живот, да го постираат овој линк на своите профили, веб-страници, блогови, да го препратат на свои пријатели по е-маил...
Целта е што повеќе луѓе да дознаат за ВИСТИНАТА ЗА АБОРТУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Колку повеќе луѓето знаат за абортусот, толку помалку ќе има абортуси. Помалку абортуси, значи повеќе спасени бебиња.
Пренесете ја пораката и видеото. Спасете го животот на некое неродено бебе.

Со почит, www.abortusNE.org.mk
 
 
Видеото покажува – животот започнува со зачнувањето

 

Прекрасно видео и песна. Видеото го покажува развојот на бебето во стомакот.

Можете да погледнете дека бебињата во стомакот се живи суштества. Ова видео се препорачува за секоја жена и татко кои размислуваат за абортус.

Линк до видеото ТУКА

 
Имам и јас право на живот!!!
 
повеќе статии...
<< Почеток < Предходна 1 2 Следна > Крај >>

Страница 1 од 2